Хроника

Деветнаесетгодишник е мотоциклистот што загина околу пладне во Радишани

Момчето од скопско Побожје го загуби животот по судир со автомобил „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки

Момчето што го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу пладне во скопско Радишани е 19-годишник со иницијали Н.М. од скопското село Побожје.

Министерството за внатрешни работи информира дека несреќата била пријавена во 12:12 часот, а покрај управувачот на мотоцикл без регистарски ознаки во неа учествувало и патничко возило „алфа ромео“ со италијански таблички, управувано од 46-годишниот С.Б..

Од добиените повреди, младиот мотоциклист починал на местото на несреќата, а увид на местото извршиле екипи од СВР Скопје.

 

Најден е осомничениот убиец

Во Арачиново уапсен осомничениот за смртта на 19 годишниот мотоциклист од Побожје

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top