Хроника

Газдата на познатиот скопски фаст фуд ланец му подари нов автомобил на својот вработен: Гинеше со мене кога беше најтешко (ФОТО)

Мише Цвејевски, сопственикот на познатиот скопски ланец за сендвичи Baking Bread, направи несекојдневен гест во македонските услови – му подари автомобил на својот најдолгогодишен вработен, Антони.

Мише Цвејевски, сопственикот на познатиот скопски ланец за сендвичи Baking Bread, направи несекојдневен гест во македонските услови – му подари автомобил на својот најдолгогодишен вработен, Антони.

Антони е дел од тимот од самиот почеток, кога, како што вели газдата, „немавме ништо“, па се до денес, кога Baking Bread е препознатлив бренд.
„Гинеше со мене кога беше најтешко. За ништо никогаш не ме одби и не кажа не. Никогаш ништо не побара, а даваше сe за фирмата.

Ова не е поклон, ова е твоја лична заслуга. Ова е фала од мене за сите години лојалност и труд во Baking Bread“, рече Мише Цвејевски.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mishe Cvejevski (@mishecvejevski)

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top