Хроника

Ја удрил по глава со гајба полна шишиња

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје започна истрага против маж осомничен за извршување на кривично дело – нанесување тешка телесна повреда на жена со која имал претходни лични несогласувања, соопштија денеска од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје започна истрага против маж осомничен за извршување на кривично дело – нанесување тешка телесна повреда на жена со која имал претходни лични несогласувања, соопштија денеска од Обвинителството.

Инцидентот се случил на 23 август во попладневните часови, кога оштетената се сретнала со осомничениот пред угостителски локал во скопската населба Автокоманда. Според информациите од Обвинителството, осомничениот најпрвин вербално ја нападнал жената со навреди, а потоа земал пластична гајба наполнета со стаклени шишиња и ја удрил по главата.

По ударот, жената обилно искрварила и, иако зашеметена, успеала да повика полиција. Итно била пренесена во болница со возило на Брза помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Оштетената почнала обилно да крвави и зашеметена успеала да повика полиција. Потоа со Брза помош е пренесена во болница каде и се констатирани тешки телесни повреди“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Со цел да се спречи понатамошно загрозување на безбедноста на жртвата, јавен обвинител побара од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје да се изречат мерки на претпазливост против осомничениот. Овие мерки вклучуваат забрана за приближување и контактирање со оштетената, привремено одземање на неговата патна исправа, како и обврска за редовно јавување кај надлежно службено лице.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

To top