Хроника

Косовски камион удрил во скопско „БМВ“ – четворица загинати (ВИДЕО)

Камионот преминал во спротивната насока и директно се судрил со автомобилот по што двете возила се запалиле

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на обиколницата на Град Скопје, помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци, откако камион со косовски таблички преминал во спротивната насока и директно се судрил со автомобил „БМВ“.

Од Министерството за внатрешни работи  велат дека несреќата била пријавена синоќа околу 23 часот.

„Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот при што се судрил со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.В.(51) од Скопје“, велат од МВР .

По судирот избувнал пожар во двете возила.

„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје“, додаваат од полицијата.

На местото на несреќата починале возачот на автомобилот Р.В.(51), како и сопатниците А.В.(20) и П.М.(20) од Скопје. Загинало и уште едно лице чиј идентитет засега не е утврден.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени на обдукција“, информираат од МВР.

Возачот на камионот е лишен од слобода.

„По наредба на јавен обвинител возачот Б.Б. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поради увидот, сообраќајот на обиколницата бил пренасочуван од 23:10 до 05:00 часот, по што бил нормализиран.

Видеото од страшната несреќа може да го погледнете тука!

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top