Хроника

Кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка

За злоупотреба на службената положба и овластувањето

СВР Велес поднесе кривична пријава против едно лице од Чашка за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето, кој додека бил градоначалник постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 вработени во Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– СВР Велес до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против Г. С. (47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353 од Кривичниот законик. Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година Г. С. во својство на градоначалник на општина Чашка постапил спротивно на Законот за државните службеници и на 10 лица вработени во Општина Чашка во повеќе наврати од буџетската сметка на Општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник. А на едно лице – спротивно на Законот за работните односи, овозможил да му се исплати бонус плата иако не биле исполнети условите – посочуваат од Министерството.

На тој начин, како што наведуваат од МВР, пријавениот им овозможил на 11-те вработени да стекнат имотна корист и предизвикал штета на буџетот на Општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денара. Исто така, како што нагласуваат, за место што според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г. С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.

Најнови вести од: Хроника

Уапсен сопругот на починатата жена и дете – само два часа пред смртта бил пријавен за насилство

Во декември, лани, лицето било лишено од слобода откако кај него биле пронајдени 20 пакувања со дрога (марихуана и амфетамин), по што Министерството за внатрешни и работи поднело пријава до обвинителството по брза постапка, за што биле изречени мерки на претпазливост од страна на судот.

М.Р. (18) од тетовска Палатица осомничен дека испраќал лажни пораки за поставени бомби во училишта во Тетово

Со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом во селото, при што се одземени повеќе електронски уреди. соопшти полицијата. Полицијата го уапси и му подготвува кривична пријава

Дали извршил уште 5 убиства овчарот Т.Б (25), веќе осомничен дека е сериски убиец и силувач на жени од Кумановско?! Видео)

Уште пет смртни случаи на повозрасни жени и еден обид за убиство се испитуваат од истражните органи, за да се види дали се дело на осомничениот дека е сериски убиец во кумановско Старо Нагоричане, за кого засега има сериозни укажувања оти извршил најмалку две убиства и еден физички напад врз постара жена во кумановското село Челопек, објави ТВ Телма, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.

To top