Според информациите, мајката на 13 ноември во 01:00 часот во полиција пријавила дека нејзината ќерка претходниот ден, околу 18:00 часот, се оддалечила од семејниот дом.
Подоцна мајката ја известила полицијата дека девојчето се вратило дома на 13 ноември во 07:40 часот.
Според пријавеното, 12-годишното девојче и нејзина малолетна другарка се сретнале со неколку малолетници во паркот Сарај. Потоа, еден од малолетниците ја заклучил 12-годишната девојка во патничко возило против нејзина волја.
Како што е пријавено, малолетникот останал во автомобилот со девојчето и со нејзината другарка до следното утро.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Засега нема дополнителни информации, ниту е соопштено дали некое лице е приведено.