Хроника

Македонец приведен во Франција со 68 килограми кокаин во камион

Акцијата е спроведена врз основа на оперативни информации од македонската полиција

Четириесет и четиригодишен македонски државјанин е приведен во Франција откако во камион биле пронајдени 68 килограми кокаин. Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, акцијата е реализирана врз основа на оперативни информации обезбедени од Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски служби.

Од Министерството наведуваат дека станува збор за уште една успешна меѓународна полициска акција насочена кон сузбивање на организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства.

Ова е втора поголема меѓународна акција во последниот период, откако претходно во соработка со грчката полиција беше реализирана заплена на 324 килограми марихуана.

Од МВР посочуваат дека продолжува соработката со меѓународните партнери во борбата против трговијата со дрога и криминалните мрежи кои дејствуваат преку границите.

Најнови вести од: Хроника

„Мислеше дека е мртва и сакаше да се ослободи од нејзиното тело“, тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица“, наведува мајката

Битолчанка (21) била давена од момчето – Откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

Гасен пиштол со рамка пронајден кај ученик (15) во средно училиште во Тетово

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

Мајка цела ноќ ја барала исчезнатата ќерка (12): Била заклучена во автомобил во Сарај!

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била заклучена против своја волја во автомобил од малолетник, по средба во паркот Сарај. Девојчето, кое претходно било пријавено за исчезнато, се вратило дома следното утро, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Најнови вести

To top