Хроника

Македонски новогодишни честитки што собраа нејмногу лајкови

Жртвата на прогонот на Заев и СДСМ постојано добива поддршка од јавноста

Нова Година е време кога луѓето си ги честитаат празниците и на пријателите и јавноста им посакуваат среќа во новата година.

Некои од овие честитки на социјалните мрежи имаат стотина а некои и илјадници лајкови.

Оваа година рекордер во лајкови е екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која досега има над 13 илјади допаѓања на објавата за Нова Година.

 

,,Новата 2026 да ја поминеме спокојно и со добро здравје. Да ги искористиме можностите што ќе ни ги даде, да му се радуваме на секој нов ден и да го испраќаме задоволни од тоа што сме го постигнале!

Среќна Нова 2026 година!”, објави Гордана Јанкулоска која храбро одлежа затворска казна досудена во времето на Заев за мерцедесот на Груевски и тоа додека нејзиниот син беше на многу мала возраст со што се стекна со огромна почит во јавноста.

Од политичарите одлично котира и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски кој на својата честитка фотографија е со сопругата и своите 5 деца.

 

,,❤️ Драги пријатели, Ви пожелуваме здравје, слога и добри вести за вашите семејства. Среќна Нова 2026 Година❗

 

👍 Илина, Филип, Дариа, Михаела, Давид

Симона & Антонио Милошоски 🎄

 

#novagodina #christmastime 🇲🇰”, порача пратеникот на Фејсбук.

Оваа честитка има над 10700 илјади лајкови.

 

Кај пејачите значителна бројка на допаѓања собра Спасен Силјановски.

,,Драги мои пријатели, роднини, фанови, обожаватели ви ја честитам новата 2026 година и ви посакувам најповеќе од се здравје. Кога имате здравје имате се 😇. На вас останатите ви посакувам повеќе разум помалку злоба и љубомора. Фокусирајте се на себе ако сакате да бидете успешни и среќни. Никој не е виновен за вашиот неуспех освен самите. Животот е карма, тоа што посакувате тоа ви се враќа…Од вас зависи 😉

Ве сакам сите. Бог нека не чува сите нас и нашата Македонија 😇😇😇”, порача Спасен кој доби над 6,5 илјади лајкови.

Најнови вести од: Хроника

To top