Хроника

Му побарале да плати за здравствена услуга, го искршил шалтерот и нападнал полицаец во Тетово

МВР најавува кривична пријава

Инцидент се случил во Клиничката болница во Тетово, каде 24-годишен жител на село Палатица агресивно реагирал откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.

Според информациите од СВР Тетово, Џ.М. на 1 септември околу 19:50 часот го скршил стаклото на приемниот шалтер. При инцидентот тој и двајца вработени во болницата се здобиле со повреди.

По пристигнувањето на полицијата, 24-годишникот физички нападнал и полициски службеник.

Поради сериозноста на повредите, Џ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за натамошна медицинска помош.

На местото бил извршен увид. Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top