Хроника

Над 1.600 казни за три дена, запленети 19 возила

43 лица се лишени од слобода поради невнимателно возење, од кои две за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола и две поради претходна забрана за возење.

 

Министерството за внатрешни работи на Македонија објавува дека во текот на последните три дена (24, 25 и 26.08.2026), како резултат на редовните патни контроли што ги спроведуваат полициски службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата во земјата, од вкупно изречени 1.621 казни, 456 прекршоци се однесуваат на возачи кои не го почитувале пропишаното ограничување на брзината.

43 лица се лишени од слобода поради невнимателно возење, од кои две за возење под дејство на алкохол, 20 за возење без возачка дозвола и две поради претходна забрана за возење.

„Во истиот овој период, запленети се 19 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед на полициските активности, во последните три дена се евидентирани 385 прекршоци за непрописно паркирање, како и 28 санкции за возење под дејство на алкохол.“

„Од друга страна, во согласност со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 159 возачи на мотоцикли се санкционирани поради неносење заштитен шлем.

Исто така, санкционирани се 105 учесници во сообраќајот кои не ги користеле безбедносните појаси.

17 возила се отстранети од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани, додека седум поради технички неправилности.

Четири возачи се казнети и поради неисполнување на пропишаните услови во врска со затемнување на стаклата на возилата (фолии).“

„Проверките на патиштата ќе продолжат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедно да придонесат за побезбедни патишта“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски за истрагата за фалсификуваните возачки дозволи: Судството да спречи вакви кривични дела, да не одлучува како во минатото!

Вкупно 27 лица опфати истрагата за фалсификувани возачки дозволи, против кои е поднесена кривична пријава поради сомнение за незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа во интервју за МТВ нагласи дека сега на потег се Обвинителството и Судот, кои, како што рече се надева дека ќе донесе законита и праведна одлука, која превентивно ќе дејствува во иднина.

Втора кривична пријава против Ќира – овојпат незаконски разрешил директор на училиште и поставил друг, иако не исполнува услови

Струшката полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Струга Менди Ќира, поради сомневање дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Ќира доби кривична пријава и во април годинава, бидејќи на 18 ноември 2025 година назначил вршител на должност директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, и покрај тоа што знаел дека кандидатот не ги исполнува законските услови.

Кривична пријава за поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски за несовесно работење и две службенички од Општина Карпош за злоупотреби

Постапувајќи според наредба од Основното јавно обвинителство од Скопје, Секторот за економски криминал на скопската полиција поднесе кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Симона Серафимовска-Ѓуреска за две кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и против против Стевчо Јакимовски за кривично дело „Несовесно работење во службата“.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

To top