Хроника

Охриѓанец пријавен во полиција дека вперил воздушна пушка кон неколкумина, кои му го нападнале синот

На 27 август 2026 година околу 22 часот  на булеварот „Туристичка“ во Охрид лишен е од слобода е лишен 47-годишник од Охрид.

Против уапсениот била претходно поднесена пријава во СВР Охрид дека вперил воздушна пушка кон неколку лица, меѓу нив и едно со пиштол, кои на булеварот физички го нападнале неговиот малолетен син.

– Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top