Хроника

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство во Куманово, Охрид, Струмица и Велес

Полицијата вчера привела пет лица осомничени за семејно насилство, двајца од Куманово, едно лице од Љубљана, Република Словенија, едно лице од струмичко и едно од Велес

Полицијата вчера привела пет лица осомничени за семејно насилство, двајца од Куманово, едно лице од Љубљана, Република Словенија, едно лице од струмичко и едно од Велес.

Како што соопшти МВР, синоќа во 21:00 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода кумановецот М.С.(35) затоа што физички ги нападнал неговата 31-годишна сопруга и двете малолетни деца.

Подоцна, во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле 57-годишниот М.Д., кој физички ја нападнал својата 28-годишна ќерка.

Во Охрид, пак, во 20:40 часот на булеварот Македонски Просветители, бил лишен од слобода 48-годишен државјанин на Словенија од Љубљана, по претходна пријава дека во стан по вербална расправија физички ја нападнал неговата сопруга.

Вчера, во струмичко село, полицијата привела 36-годишен маж поради агресивно однесување кон неговата 65-годишна мајка.

Во Велес, вчера во 8:30 часот, бил лишен од слобода 23-годишен жител кој, според пријавата, физички ја нападнал својата 24-годишна сестра во семејниот дом.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Хроника

Доживотен затвор за серискиот убиец Трајко Бојковски, поради четири убиства и два обида за убиство на жени

Основниот суд во Куманово денеска ја изрече пресудата за Трајко Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство на жени во регионот на Старо Нагоричане. Судот го осуди Бојковски на казна доживотен затвор, со што заврши првостепената судска постапка која предизвика голем интерес во јавноста.

Од 12 октомври 2026 започнува „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надѕор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид, односно и во Струга, Кичево и во Дебар.

To top