Хроника

По сообраќајна незгода настанала расправија, па дошло и до физички напад

По сообраќајна незгода меѓу две возила дошло до физички напад кај местото викано „Врбица“

По сообраќајна незгода меѓу две возила дошло до физички напад кај местото викано „Врбица“, на патот Пршовце-Јегуновце. Како што информира МВР, на 27 септември во 13 часот во Полициското одделение Теарце, 65-годишниот А.Е. од село Шемшево пријавил нарушување на јавниот ред и мир.

Според пријавеното, околу 11:15 часот, по сообраќајката, А.Е. се обидел да спречи вербален напад врз една од учесничките во незгодата. Во тој момент, вториот учесник во сообраќајката, И.Р. од село Пршовце, го удрил А.Е. Присутни граѓани го спречиле И.Р., по што тој го напуштил местото. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Жителка на Куманово требала да врати 2500 евра камата за еден месец за заем од 4 илјади евра! Истрага за четворица за криминална изнуда и перење пари

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, за кои постои сомнеж дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и перење пари и изнуда. За тројца од нив денес до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување притвор, додека четвртиот веќе е надвор од Македонија.

To top