Одлуката е донесена по предлог на одбраната на Бајрами, поднесен на 14 октомври, за замена на мерката притвор со гаранција. Судот го усвои барањето, но истовремено му определи и дополнителни мерки на претпазливост: одземање на патната исправа, забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница и редовно јавување во Судот.
Против Бајрами на 13 август беше поднесен обвинителен предлог за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена казна затвор до пет години. Притворот му беше определен по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, бидејќи претходно не им бил достапен на органите на прогонот.
Обвинетиот на 9 септември сам се јавил на издржување на мерката притвор во затворот „Скопје“. Законскиот рок за нејзиното траење истекува на 8 ноември.
Надлежниот јавен обвинител и останатите странки се откажале од правото на жалба, поради што решението станало правосилно. Обвинетиот ќе биде ослободен од затворот по впишувањето на хипотеката во Катастарот на недвижности.