Хроника

Се истумбале со четирицикл, возачот немал дозвола

Притоа, со тешки телесни повреди се задобила шеснаесетгодишна сопатничка од скопското село Марино, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид

Вчеравечер охридската полиција го уапсила И.П.  (20) од село Узем, Кривопаланечко, откако претходно на локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и излетал од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се задобила шеснаесетгодишна сопатничка од скопското село Марино, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

По налог на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека И.П. го управувал четирициклот без возачка дозвола, по што е лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top