На 31.03.2026 година во 01:50 часот, полициски службеници од Полициската станица во Гостивар го лишиле од слобода М.Д. (34) од Гостивар, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“.
Сè започнало околу 01:30 часот, кога во полициската станица се јавило машко лице и пријавило дека постои сомнение дека еден член од неговото семејство е убиен. Полициските службеници веднаш излегле на местото на настанот и во куќата пронашле тело на К.Д. (63) од Гостивар, со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата.
Поради сомнението дека станува збор за убиство, од слобода е лишен синот на починатиот – М.Д. (34).
Според првичните изјави на осомничениот, неговиот татко починал претходниот ден околу 14:50 часот, откако паднал во купатилото. Меѓутоа, тој не го пријавил случајот кај надлежните служби.
За настанот е известен Јавниот обвинител, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе поднесе соодветна кривична пријава.