Хроника

Скопјанец пукал кон полицајци и се обидел да избега

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен кривичен поднесок.

46-годишен жител на Скопје е приведен откако за време на полициска контрола извадил пиштол, испукал куршум кон полициските службеници и потоа се обидел да побегне.

Инцидентот се случил синоќа околу 1:20 часот на подрачјето на Гази Баба.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од СВР Скопје при обид да го легитимираат А.П. (46), тој извадил пиштол и испукал еден куршум кон нив. По пукањето, осомничениот се дал во бегство.

По преземени оперативни мерки и брзи активности, полицијата успешно го пронашла и го привела.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен кривичен поднесок.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top