Хроника

Со албанско знаме изигрувал „шериф“ во Скопје (ВИДЕО)

Лицето со иницијали Ш. А., бил повикан во Секторот за внатрешни работи Скопје

Скопската полиција презеде мерки против сопственик на автомобил „Форд“, кој со возилото и албанско знаме го попречувал нормалното одвивање на сообраќајот на крстосница во Скопје.

Случајот се случил на 7 октомври на улицата „Васил Војвода Чакаларов“, а настанот беше објавен и на социјалните мрежи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сопственикот на возилото, со иницијали Ш. А., вчера бил повикан во Секторот за внатрешни работи Скопје.

Против него се преземени соодветни мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираат од полицијата.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top