Хроника

Станари во пижами и со деца во раце бегале од огнот

Шок и страв утрово преживеале станарите на нова станбена зграда на „Трим и Лум“ во Кисела Вода, откако околу 5 часот избувнал пожар пред влезот на објектот.

 

Пожарот настанал откако се запалила електрична инсталација која, како што тврдат тие, била поставена од ЕВН и на која претходно извесен период биле изведувани работи, сведочат граѓани за МКД.Мк

Тие биле разбудени од полицијата, како и од силни детонации и звуци кои, како што велат, потсетувале на експлозии и се слушале дури до повисоките катови на зградата, додека во меѓувреме силен чад го исполнил влезот од зградата за само неколку минути.

Во паниката, семејства со мали деца и бебиња во раце трчале по скалите за да се спасат од чадот и огнот. Дел од нив излегле надвор боси и облечени само во пижами, без време да земат лични работи или документи.

„Беше како сцена од хорор филм. Се слушаа удари како бомби. Луѓето панично излегуваа од становите, не знаејќи што се случува. Многу беше страшно, преживеавме огромен стрес“, раскажувале вознемирени станари за МКД.мк.

Видео:

https://mkd.mk/wp-content/uploads/2026/06/3601b39d-948c-4f32-a12b-670d257d0066-2.mp4?_=3

Најнови вести од: Хроника

Кривична пријава и отстранување од работа на раководител на смена во полициска станица на „Јажинце“ – „скинал“ казна

А.Љ., раководител на смена во Полициска станица за граничен премин „Јажинце“ во тетовскиот регион, на границата со Косово, на 27 јуни одлучил да не ја изрече предвидената глоба од 100 евра во денарска противвредност. Тој не го исклучил возилото од сообраќај и му овозможил на возачот и понатаму да учествува во сообраќај со возилото, за кое претходно друг полициски службеник констатирал сообраќаен прекршок од Законот за возила – управување возило со истечен рок на сообраќајната дозвола од 30 дена.

Најнови вести

To top