Хроника

Традиција долга векови: Откриен леб стар околу 8600 години

На археолошкиот локалитет Чаталхујук во провинцијата Коња, Турција, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО, археолозите открија квасен леб стар околу 8.600 години, пронајден покрај остатоци од силно оштетена печка.

freepik.com

На археолошкиот локалитет Чаталхујук во провинцијата Коња, Турција, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО, археолозите открија квасен леб стар околу 8.600 години, пронајден покрај остатоци од силно оштетена печка. Овој редок археолошки наод говори за длабоките корени на подготовката на лебот, еден од најосновните и најстарите прехранбени производи во историјата на човештвото, кои водат до 6.600 година пред нашата ера. Пронајдениот леб се смета за еден од најстарите досега познати.

Традицијата на лебот во Турција трае со милениуми, што е потврдено преку бројни археолошки откритија – остатоци од векни, печки, алати и садови за подготовка. Неодамнешни анализи на фрагмент од векна стар околу 5.000 години покажале дека бил направен од емер-пченица и леќа, и дека се печел на температура од околу 140°C. Се претпоставува дека дел од векната бил намерно скршен и изгорен како ритуал за плодност, по што бил закопан во задниот дел од домот.

Дополнително, во античкиот град Топрактепе во Караман биле откриени пет јагленисани векни од 7 или 8 век од нашата ера, за кои се смета дека биле употребувани како литургиски лебови во ранохристијански обреди. Во руините на Харан, пак, бил пронајден калап за леб украсен со шара налик на баклава, за кој се верува дека потекнува од пред околу 800 години.

Колку што е разнолика географијата на Турција, толку е богата и нејзината култура на лебот. Во пекарите, но и во домовите, со љубов се подготвуваат десетици различни видови леб, вкоренети во локалните традиции. Во Црноморскиот регион се подготвува миризлив, жолткаст леб од пченкарно брашно, додека во источна Анадолија се јаде топол танур-леб, кој совршено се вклопува со чорби. Во централна Анадолија често се служи со гулаш.

Најприсутен на секоја трпеза е класичниот сомун, но секој патник низ Турција неизбежно ќе го сретне и пиде – рамен, малку подебел леб печен во камени печки на дрва. Пиде се подготвува во многу варијанти, како тирнак, томбак или рамазан пиде, при што се надополнува со сирење, спанаќ, печено месо или мелено јагнешко. Толку е раширено, што пицерии специјализирани за пиде може да се сретнат речиси насекаде – од Истанбул, па до најмалите градови.

Во Анадолија, жените и денес подготвуваат јуфка и лаваш – традиција заедничка и свечена, впишана во Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2016 година. Јуфката, тенка развлекувана кора, се чува за зимница или се користи во свечени прилики, најчесто при свадби, а често се служи за појадок со сирење. Од неа се прави и славната баклава. Лавашот, пак, е тенок рамен леб кој идеално се комбинира со кебап, донер, вегански ќофтиња и јадења на скара.

Најнови вести од: Хроника

Девет лица приведени за 24 часа, меѓу кои и малолетник – возеле без дозвола и под дејство на алкохол

Во засилени полициски контроли спроведени во изминатото деноноќие низ целата држава, лишени од слобода се девет возачи, дел возеле без дозвола, дел под дејство на алкохол, а еден и покрај активна забрана. Со еден родител бил извршен службен разговор поради безобѕирно управување со возило.

Кривична против седум поединци, меѓу кои има и цариници, и две правни лица за фалсификување документи при увоз на „Мерцедес-Мајбах“

Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што Буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари.

To top