Хроника

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

За време на контролата казнети се и за 167 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин, затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде казнувано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, укажува МВР.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top