Македонија

Ивановски: Железничката станица во Скопје ќе се реконструира целосно, за да добие современ лик

„Осовременетата железничка станица ќе претставува архитектонско решение како спој на првичниот изглед од Кензо Танге со додадени нови современи елементи, нова електрична инсталација, комунална инфраструктура и машински дел.“ – изјави Синиша Ивановски, директорот на Јавното претпријатие Железници инфраструктура, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.

Манасиевски: Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите(ВИДЕО)

Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски ќе учествува на четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа

Потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски денеска ќе учествува на Четвртиот парламентарен самит на Меѓународната кримска платформа, што ќе се одржи на 23-24 ноември 2025 година во Стокхолм, Кралство Шведска.

Нема да дозволиме да се повтори Кочани: Митко Јанчев објаснува зошто Лукас заврши во полиција

Настапот на популарниот српски турбо-фолк пејач Аца Лукас во кавадаречки локал синоќа драматично заврши со полициска интервенција: пејачот беше приведен поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и пречекорување на капацитетот на објектот, потврдија Министерството за внатрешни работи и градоначалникот Митко Јанчев.

To top