Македонија

„Фол“: Артан Груби од Албанија управува со официјалната страница на Бајрам Реџепи, кандидатот на НАИ за градоначалник на Тетово!

Дали навистина општествената мрежа „фејсбук“ ги откри местото и државата каде што се наоѓа Артан Груби, бегалецот од правдата од Македонија, поранешниот вицепремиер и „десната рака“ на лидерот на ДУИ Али Ахмети?! Дали се потврдуваат досегашните укажувања на добри познавачи на ситуацијата и случувањата во албанскиот политички блок дека Артан Груби, без оглед што избегал, како што се наведува, во Албанија, всушност продолжил да управува со низа важни активности во ДУИ и да влијае врз оваа партија, од дистанца, но без прекин во ниеден момент?!

Меџити: ДУИ оди по патот на ПДП, а НАИ ќе биде распуштена

Во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 Изет Меџити, новиот претседател на општина Чаир и еден од лидерите на коалицијата Вреди, изјави дека „поразот во првиот круг на локалните избори за опозициската коалиција Национална алијанса за интеграција (НАИ) на ДУИ и Али Ахмети претставуваше и загуба на надежта за враќање.“

Сплотени за историска победа во Скопје

Во срцето на Општина Чаир, кандидатот за градоначалник на Скопје од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, изрази длабока благодарност кон коалицискиот партнер Вреди и ја пофали „огромната поддршка и заедничката енергија“ што ја влеваат во вториот круг од локалните избори, нагласувајќи ја силата на соработката што ја сплотува коалицијата.

Аларм: Расте бројот на луѓе со мозочни удари – годишно околу 5 000 нови случаи

Околу 5 000 нови случаи со мозочен удар има на годишно ниво во државата, вели проф. д-р Анита Арсовска, шеф на одделот за ургентна неврологија при Универзитетската клиника за неврологија. Тоа, според Арсовска, значи дека има 200 до 300 мозочни удари на 100 илјади жители.

To top