Македонија

Само во Хрватска работат над 15.000 македонски “сезонци”

Според Зоран Кочовски, сопственик на агенцијата за посредување при работа во странство „Коузон“, секоја година меѓу 15 и 25 илјади Македонци заминуваат сезонски на работа во други земји

 

„Изминатава сезона најголем број Македонци беа ангажирани во Хрватска. Според нашите податоци, над 15.680 лица од Македонија биле регистрирани како сезонски работници во оваа земја,“ соопшти Зоран Кочовски, сопственик на агенцијата за посредување при работа во странство „Коузон“за ТВ 21.

Тој појаснува дека за Хрватска постојат официјални статистики преку нивните државни институции, додека за другите земји податоците се само приближни.

„Во Грција, според нашите сознанија, ова лето работеле околу 1.400 Македонци, во Бугарија нешто помалку од 800, а во Црна Гора бројката беше значајно намалена – околу 350 работници,“ наведува Кочовски.

Покрај традиционалните дестинации, тој забележува и раст на вработувања во Белгија, Франција и скандинавските земји, главно преку краткорочни или неформални договори.

„Забележлив е и одливот на македонска работна сила во угостителството на Кипар, што е нов тренд. Исто така, постои перманентна миграција кон Малта и делумно кон Германија и Италија,“ вели Кочовски.

Во однос на идната сезона, тој предупредува дека Европската Унија воведува нов систем на квоти за интеграција на странска работна сила, со што државите-членки ќе имаат ограничен број дозволи за вработување на странци.

„До крајот на ноември секоја земја, како што е Хрватска, ќе треба да ја усогласи својата квота со Европската Унија. Тоа значи дека повеќе нема да можат самостојно да одлучуваат колку странски работници ќе примат,“ објаснува тој.

„Дали следната година повторно ќе имаме 15 илјади Македонци во Хрватска – ќе зависи од квотите и регулативата. Ако се воведе и електронски систем на евиденција, тогаш и неформалното, односно ‘работење на црно’, ќе стане минато,“ рече Кочовски за ТВ 21.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top