Свет

Донесена пресуда за атентатот врз словачкиот премиер Фицо

Специјализираниот кривичен суд во словачкиот град Банска Бистрица денеска пресуди дека 72-годишниот Јурај Чинтула, кој минатата година пукаше и тешко го повреди премиерот Роберт Фицо, е виновен за терористички акт и го осуди на 21 година затвор

Трамп-Путин самитот во Будимпешта под знак прашање

Надежите на американскиот претседател Доналд Трамп за скора средба со рускиот претседател Владимир Путин можеби ќе бидат разбиени, откако подготвителниот состанок на клучните советници за надворешна политика на двајцата лидери е ставен на чекање

САД и Австралија потпишаа договор за ретки минерали

Во понеделникот, американскиот претседател Доналд Трамп и австралискиот премиер Ентони Албанезе потпишаа рамковен договор за соработка во областа на критичните минерали и ретките земни елементи, со потенцијални проекти во вредност до 8,5 милијарди долари

Од 1. јануари ЕУ го забранува увозот на руски гас

Преговарачката позиција на Советот на ЕУ го вклучува ставот дека краткорочните договори склучени пред 17 јуни 2025 година можат да се спроведуваат до 17 јуни 2026 година, а долгорочните договори до 1 јануари 2028 година.

Калас: Украина не смее да отстапува територии, Русија мора да се соочи со последици

Принципот на територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува, бидејќи ако земјата направи територијални отстапки кон Русија, тоа ќе испрати порака дека агресијата се исплати и дека секој може да користи сила против своите соседи за да го добие она што го сака, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас

To top