Свет

Катар се заканува дека ќе ги прекине испораките на гас за ЕУ

Предупреди дека ќе ги пренасочи своите испораки на течен природен гас (LNG) кон пазари надвор од ЕУ – поради новата директива на Европската унија

NAM

 

Катар е еден од најголемите извозници на LNG во светот и има клучна улога во енергетската диверзификација на Европа. Во првиот квартал од 2025 година, Катар беше трет најголем снабдувач на LNG во ЕУ, обезбедувајќи им на земјите-членки 10-14% од вкупниот увоз на течен гас.

Државниот министер за енергетика и извршен директор на QatarEnergy, Саад Шерида Ал Кааби, ја потврди заканата синоќа, откако Катар и САД испратија писма до шефовите на држави од ЕУ на 22 октомври во кои ги критикуваат новите правила на ЕУ.

Проблемите произлегуваат од Corporate Sustainability Due Diligence Directive (CSDDD) – Директивата за сеопфатна верификација на одржливоста на корпорациите, која наметнува строги барања за целиот синџир на снабдување на големите компании што работат во ЕУ во однос на човековите права и животната средина.

Со CSDDD, ЕУ го регулира и своето право да изрекува огромни казни – до 5% од вкупниот глобален промет – на компанија ако утврди дека ги крши човековите права или има негативно влијание врз животната средина.

Ова е „егзистенцијална закана“ за бизнисот на QatarEnergy. Ако изгубам 5% од мојот приход ако одам во Европа, едноставно нема да одам во Европа.

„Не блефирам“, категоричен е Ал Кааби.
Според него, европското законодавство е во спротивност со катарските закони и меѓународните договори како што е Парискиот климатски договор, кој ѝ дава право на секоја земја да ги постави своите климатски цели.

Заканата од Катар звучи уште поалармантно бидејќи САД се во иста позиција.

Уште на 22 октомври, двете енергетски сили (САД и Катар) испратија заедничко писмо до лидерите на ЕУ, во кое побараа преиспитување на CSDDD, бидејќи директивата претставува „егзистенцијална закана“ за способноста на американските, катарските и другите глобални производители да го одржат и прошират својот извоз на течен природен гас во Европа.

Како одговор на писмото, Европската комисија објави дека работи на политичко решавање на ситуацијата и евентуално ублажување на некои од регулативите.

Сепак, новото потсетување од Катар значи дека засега „политичкото решение“ е во застој.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top