Колумни

Повикот на Мисирков за безгранична љубов кон Македонија и постојано работење за нејзините интереси – најсилно оружје за зачувување на македонскиот идентитет и јазик (1)

Денес, на 26 јули 2026 година се навршуваат 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков – еден од највеликите Македонци во сета национална, јазична и државно-политичка историја на македонскиот народ. Оваа годишнина е пригода за ново навраќање кон врутоците на неговата генијална мисла како набележување на сѐ она, што треба да го чиниме како народ, заради нашиот опстој во сегашниве геополитички вителни и драматично разбранувани мигови во Балканот, Европа и во светот. Идеите и пораките на Мисирков, особено во неговата капитална политичко-јазична студија „За македонцките работи“, се животно важни патокази за опстојот и идниот развој на македонската нација и на македонската држава во полза на сите нејзини граѓани.

Пишува: Свето Тоевски

 „Како Македонец на прво место ги поставувам интересите на мојата татковина и моите сонародници… Јас сум Македонец, со македонска свест, и како таков си имам свое македонско гледиште врз минатото, сегашноста и иднината и на мојата татковина и на целото јужно словенство и затоа сакам и нас, Македонците, да нѐ прашаат за сите прашања, што нѐ засегнуваат нас и нашите соседи…Соседите мора да се помират со тоа дека Македонците се тука, оти постојат и дека имаат свои, македонски национални чувства. Беззаветната и безгранична љубов кон Македонија, постојаното мислење и работење за интересите на Македонија и полн конзервативизам во пројавите на македонскиот национален дух: јазикот, народната поезија, наравите, обичаите – ете ги главните црти на македонскиот национализам.“ – овие вонвременски мисли ги има искажано еден од основоположниците на македонизмот Крсте Петков Мисирков во две негови статии за македонското национално самоопределување на македонскиот народ, кои се објавени во весникот „Мир“ во март 1925 година.

Мисирков е еден од најзначајните ликови во историјата на македонското национално движење и веројатно е меѓу најзаслужните национални дејци за македонското национално самоосознавање, за будењето на македонската национална свест. Тој е македонски национален мислител од највисок ранг и втемелувач на филозофијата на македонизмот како филозофија на човековата слобода, крената на највисокото рамниште на хуманизмот. Мисирков не е единствениот, но е еден од најбележитите духовни воини за поставувањето, определувањето и целинското решавање на Македонското прашање во двете негови составки: национално-политичката и јазичната составка. Тој е роден на 18 ноември 1874 година во селото Постол, во Ениџе Вардарско, во Егејскиот дел на Македонија, во денешна Грција..

Завештанието на Мисирков до секое македонско поколение да ги чува својата македонска свест и чувство над сѐ друго 

Од неизмерно значење за афирмацијата и одбраната на на македонската етничка засебност не само во Балканот, туку и во европски и светски рамки, останува пораката на Крсте Мисирков, која е и своевиден негов аманет до секое идно македонско поколение: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго во светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште.“ (Крсте Петков Мисирков, статија „Самоопределувањето на Македонците”, објавена во весникот “Мир” на 25 март 1925 година).

„За македонцките работи“ уште пред 123 години ја разобличи асимилаторската политика на Грција и Бугарија против македонскиот народ и неговиот етнички, јазичен и културен идентитет 

Остварувањето на идејата за одделен македонски јазик е разработено во книгата „За македонцките работи“ на Мисирков, објавена во Софија во 1903 година. Во неа Мисирков како исклучителен го издвојува јазикот, преку кој македонскиот народ може да се разграничи и да се доживее себеси како посебен етнички и јазичен ентитет. Во „За македонцките работи“ Мисирков уточнето ја согледува улогата на јазикот не само како средство за јазична комуникација, туку и како инструмент, преку кој што се усвојува и се пренесува колективното паметење на народот и неговата културна традиција. За Мисирков јазикот на еден народ е негово богатство и наследство. „Да го сочува некој својот народен јазик  и да го брани како светиња значи да се остане верен на духот на своите прадедовци и да се уважи се што тие имаат направено за своето потомство.“ – ќе истакне Мисирков во „За македонцките работи“.

Оваа капитална македонистичка студија е политичка анализа на положбата на македонскиот народ, но и и предлог-програма за македонското народноослободително движење и за создавање самостојна македонска држава.

Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји насочена против македонскиот народ и против македонскиот јазичен, културен и етнички идентитет.

Денес, кога најжестоките напади се вршат токму врз македонскиот јазик од Бугарија и Грција, од исклучително значење е и следниов став на Мисирков: „Не случајно покорителите инсистираат покорените да се откажат од својот јазик, затоа да се откаже човек од својот народен јазик значи да се откаже и од својот народен дух“

Оваа теза на Мисирков е негов завет Македонецот никогаш да не се откаже од својот македонски народен дух и македонски народен јазик, но и да ги вложува сите свои усилби да ги зачува од секакви угрози. 

(продолжува)

(Авторот изнесува во оваа колумна согледувања од сопствена објективна политиколошко-лингвистичка анализа, кои немаат никаква поврзаност со која било политичка партија во Република Македонија. Ставовите на авторот не се став на редакцијата на „Експрес“)

 

Најнови вести од: Колумни

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа дека македонскиот јазик е столб на македонскиот идентитет и сиот свој живот го бранеше тој идентитетски столб, кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Наде Проева – жестокиот научен борец против обидите на Грците и Бугарите да им го одземат Македонското сонце-македонскиот идентитет на Македонците!

Во ерата кога историјата повторно се користи како геополитичко оружје, а македонскиот национален, јазичен и културен идентитет е подложен на координиран оспорувачки притисок од соседите, научната оставнина на проф. д-р Наде Проева (1949–2024) светли како незгаслив светилник на македонската вистина ширум Балканот и Европа. Како еден од најголемите македонски експерти за историјата на Античка Македонија со меѓународен углед, Проева во своето капитално дело „Триптих за македонскиот идентитет“ изнесува сериозна, научно втемелена и методолошки беспрекорна одбрана на македонската посебност. На 6 номври 2026 се навршуваат две години од нејзината смрт. Ова е соодветна пригода за повторно навраќање кон научното творештво на оваа голема македонска научничка, која на „добрите балкански соседи“ и на политичка Европа со силата на научните аргументи им покажа и им докажа дека никој нема право да му ги оспорува на македонскиот народ неговото исконско, древно македонско национално самосознание и идентитет во име на некакви „повисоки геополитички цели“. Проева остави траен и нескршлив научен аргумент во рацете на идните поколенија за одбрана на правото на македонскиот народ да биде она што е – македонски, свој на своето, на македонското.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

To top