Македонија

Пумпните хидроцентрали – ’рбетот на европската енергетска транзиција

Енергетска независност

Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на IHA и Eurelectric што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде со висок удел ќе учествуваат и централите на ветер и сонце. „Парискиот завет“ веќе има над 50 потписници и бара ЕУ и владите да донесат мерки што ќе го направат долготрајното складирање исплатливо и брзо остварливо. Се предлага посебна европска иницијатива за складирање со јасно разграничување на долготрајно и краткотрајно складирање во законите, а целта е да се „отклучи“ реализација на речиси 35 GW нови ПАХЕ-проекти и да се удвои европскиот капацитет во наредните 25 години. Според IHA и Eurelectric, пумпната хидроенергија е докажана и трошковно ефикасна опција за долготрајно складирање што ќе ја направи енергетската транзиција на Европа побрза, посигурна и поевтина за потрошувачите.

Ова покажува дека времето, кога само производството од обновливи извори беше доволно за Европа, поминува. Сега се повеќе се нагласува потребата за складирање, за флексибилност и за капацитети кои брзо реагираат на промените во производството и побарувачката. Можноста за долготрајното складирање и брзата флексибилност се постави како клучна за ценовната стабилност на електричната енергија која Европа ја посакува.

Технички, пумпната хидроцентрала игра повеќе улоги од само онаа на „акумулатор“. Таа може да складира енергија кога ја има во изобилство и да ја ослободи тогаш кога најмногу е потребна. Не станува збор за нова технологија, но денес овие централи стануваат клучен играч во транзицијата кон обновливи извори, затоа што нејзините услуги не се надоместливи со батерии за складирање на енергија, кои имаат и ограничен век на користење. Животниот век на ПАХЕ се мери во децении. Тие овозможуваат долготрајно складирање, обезбедуваат системски услуги како регулација на фреквенција и напон, и можат да помогнат мрежата повторно да се рестартира по голем прекин. Според Меѓународната асоцијација за хидроенергија (IHA), пумпните хидроцентрали претставуваат повеќе од 90% од глобалниот капацитет за долготрајно складирање.

Европа во бројки: кој предводи во трката со Пумпни хидроцентрали

Според најновите податоци на IHA и анализата на VGBE, Hydropower in Europe: Facts and Figures 2023, во Европа имало над 56 GW инсталирани пумпни хидроцентрали, а над 52,9 GW се проекти во реализација.

Најголем дел од постојните капацитети се во Италија, Франција, Германија, Шпанија, Австрија, Швајцарија и Обединетото Кралство, кои заедно имаат над 40 GW инсталиран капацитет. Земјите кои предничат имаат природна предност затоа што алпските високи планини и долини создаваат идеални услови за создавање резервоари со големи висински разлики.

Владите во овие држави даваат и законска поддршка за развој на ПАХЕ капацитети. На пример, Обединетото Кралство воведе модел „cap-and-floor“ за поддршка на складирањето, Италија создаде капацитетен механизам MACSE, што ја вклучува и пумпната хидроенергија, а Шпанија најави дека до 2030 ќе достигне над 22 GW капацитет за складирање.

Сега со „Париски завет“ се очекува да се забрза издавањето на дозволите, укинување на двојните мрежни такси за струјата што се користи за пумпање и стабилни механизми за приходи за инвеститорите.

Западен Балкан: потенцијал и нови проекти

Регионалниот енергетски микс е силно зависен од хидроенергијата. Во земји како Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, над 80% од обновливата енергија доаѓа токму од хидроцентралите. Сепак, растот на сончевите и ветерните капацитети последниве години бара и повеќе флексибилност во системот што може да се обезбеди преку ПАХЕ.

На пример во Грција во 2024 година регулаторот одобри ПАХЕ проекти со вкупен капацитет од 5 GW и складирање од 44 GWh. Грција е и прва во регионот што експлицитно го вклучи складирањето во своите климатски планови.

Бугарија пак располага со една од најголемата пумпна хидроцентрала во Југоисточна Европа, „Чаира“ (Chaira). Значаен дефект ја исфрли хидроцентралата од системот во 2022 година, а од минатата година почнати се активности за реконструкција на турбините и враќање на централата во погон.

Србија располага со силна база на хидроцентрали и потенцијал за пумпни системи на Дрина и Дунав, и државата размислува за модернизација и поврзување со идни регионални ПАХЕ проекти. Еден од стратешките проекти е Ѓердап 3, кој се разгледува и како дел од поголем регионален проект. Потоа развојот на проектот Бистрица и ревитализација на единствениот постоечки пумпен капацитет Баина Башта.

Македонија во мозаикот

Македонија има технички хидроенергетски потенцијал од 5.500 GWh годишно, но моментално користи само околу 1.500 GWh преку постојните хидроцентрали. Вкупната инсталирана хидро моќност изнесува околу 674 MW.

Најважниот проект е пумпната станица Чебрен, кој со години е во фаза на подготовка. Тој предвидува изградба на пумпна хидроцентрала со капацитет од 333 MW, со можност за зголемување до 458 MW, и акумулација која би овозможила складирање на енергија и повторно пумпање.

Чебрен е стратешки проект – не само за домашниот систем, туку и за регионот. Со интерконекторите кон Грција и Бугарија, Северна Македонија би можела да се позиционира како регионален „балансер“. Во периоди на евтин сончев или ветерен вишок во соседството, Чебрен би пумпал вода, а потоа би испорачувал енергија назад во системот кога побарувачката е висока.

Регионалните врски: од изолиран систем кон заеднички пазар

Флексибилноста на пумпните хидроцентрали станува уште поценета во контекст на интерконекциите. Регионалната интеграција на електроенергетските пазари во Западен Балкан е во тек, а со тоа расте и вредноста на складирањето.

Интерконекторот Македонија–Грција (400 kV) е клучен за спојување со пазарите каде има силна интеграција на ветер и сонце.

Линијата кон Бугарија може да помогне во користење на вишоците од нивните нуклеарни и хидро капацитети.

Планираните врски кон Албанија и Косово дополнително ја отвораат можноста Македонија да се вклучи во регионалното „пулсирање“ на енергијата.

Предизвици и ризици

Иако ПАХЕ има голем потенцијал, реални предизвици се долгите процедури за дозволи, сложените еколошки проценки и високите почетни трошоци кои често ги одвраќаат инвеститорите.

Во Македонија, проектот Чебрен е типичен пример – повеќе од една деценија тендери и преговори, без конечно започнување на градбата. Но енергетската иднина на државата не може да се замисли без сериозни складирачки капацитети. Чебрен и можните идни ПАХЕ проекти можат да ја намалат зависноста од увоз, да помогнат во интеграцијата на нови фотоволтаици и ветерници и да ја позиционираат земјата како важен играч во регионалната мрежа.

Ако Македонија успее да создаде стабилен регулаторен и финансиски амбиент за овие инвестиции може да стане пример за тоа како мал пазар може да игра голема улога во енергетската транзиција на Балканот.

Најнови вести од: Македонија

Toшковски: Веќе се преземаат соодветни оперативни активности, заради обезбедување мирен и безбеден изборен процес

Раководствата на СВР Охрид и ОВР Струга го информираа министерот Тошковски за безбедносната состојба во регионот, посочувајќи на забележителните резултати во справувањето со насилниот криминал и видливиот напредок во подобрувањето на сообраќајната безбедност.

Мицкоски: Апасиев и Мециновиќ си префрлале пари од сметката на Левица, кои граѓаните ги уплаќаат во буџетот

Премиерот Мицкоски посочи дека во врска со злоупотребите во Левица свиркач до нив доставил список, во кој има стотици трансакции на пари префрлани од Левица на сметка на Апасиев, но и оти и на кандидатот за градоначалник на Левица за Скопје Амар Мециновиќ на трансакциска сметка му биле префрлувани пари од сметката на истата политичка партија.

Зошто обвинителката Стефанова лаже дека не постапувала во предметот за ,,Рекет 2″ кога има сведок за нејзино учество

Главчев засега молчи за другите поврзани со случајот меѓу кои е и познат скопски адвокат кој има блиска роднина во судот а преходно имал блиски односи со Боки 13

Декларација за демократски локални избори изгласа Собранието, за да бидат без изборна корупција, инциденти и конфликти, без притисоци и страв

Собранието на Република Македонија им дава дава целосна поддршка на Државната изборна комисија и на другите органи и институции да организираат и да спроведат правични, слободни и демократски избори преку обезбедување услови за слободно изразување на волјата на граѓаните, без закани, или манипулации.

ВМРО ДПМНЕ – Албанија официјално е регистрирана, заради обединување на сите Македонци во оваа земја

„ВМРО ДПМНЕ – Албанија е дом за сите, кои ја носат Македонија во своето срце!“ – порачува преку општествената мрежа претседателката на новата политичка организација на Македонците во Албанија Елена Симонофски.

To top