Македонија

24 години од Масакрот кај Карпалак

На 8 август 2001 година, кај месноста Карпалак, на патот Скопје–Тетово, армиски конвој беше нападнат во терористичка заседа. Животот го загубија десет резервисти

На денешен ден, пред 24 години, кај месноста Карпалак се случи најподлиот масакр врз вооружените сили на Македонијав во вооружениот судир во 2001 година со терористичката формација ОНА..
Беа убиени Сашо Китаноски (39) од Прилеп, Марко Деспотоски (27) од Новоселани прилепско, Нане Наумоски (48) од Прилеп, Љубе Грујоски (31) од Пашино Рувци прилепско, Бранко Секулоски (42) од Прилеп, Дарко Вељаноски (27) од Ропотово прилепско, Горан Миноски (29) од Прилеп, Пеце Секулоски (29) од Бело Поле прилепско, Веби Рушидоски (26) од Прилеп и Ердован Шабаноски (20) од Прилеп.
Најбројниот масакр врз војници на АРМ во воениот конфликт во 2001 година се случи кога кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе со резервисти од  прилепската касарна одел кон Тетово.
Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови..
Денеска повеќе делегации ќе ги посетат вечните почивалишта на загинатите, во Прилеп и населените места, а ќе биде посетена и месноста Карпалак каде на 8 август 2001 година во заседа загинаа 10-те прилепски бранители, кога беше нападнат армискиот конвој.
Делегација на Собранието во состав Биљана Кузманоска, Пеце Милевски и Миле Талевски, ќе положи цвеќе пред комплексот Карпалак во центарот на Прилеп.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија денеска ќе ја одбележат 24-годишнината од загинувањето на армиските припадници кај месноста Карпалак.

Во Прилеп вчера почна одбележувањето на 24-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти во кругот на касарната „Мирче Ацев“.

Потполковникот Сашко Палески, командант на гарнизонот „Мирче Ацев“ во Прилеп истакна дека спомените за загинатите ќе се чуваат, со порака – никогаш да не се повтори.

Почит на загинатите пред спомен-обележјето во касарната оддадоа повеќе делегации, како и семејствата на загинатите и здруженија на бранителите.

Во чест на загинатите бранители, вчера беше посетен нивниот споменик во прилепското село Лениште и манастирот „Света Петка“ каде се одржа вечерна богослужба.

На 8 август 2001 година, за време на конфликтот, кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top