Македонија

25 илјади парчиња пиротехника запленети во еден ден

Во Билтенот на полицијата денеска можат да се забележат повеќе акции и илјадници одземени пиротехнички средства непосредно пред новогодишните празници

Во Билтенот на полицијата денеска можат да се забележат повеќе акции и илјадници одземени пиротехнички средства непосредно пред новогодишните празници.

Кампања „Сигурни празници, без употреба на пиротехника“ – годинава запленети трипати повеќе пиротехнички средства

На 29.12.2025 во 17:30 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.Г.(32) од с.Франгово, струшко. При извршен преглед во неговиот продажен објект, пронајдени и одземени се вкупно 23.838 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.12.2025 во 16:35 часот во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево го лишија од слобода П.Р.(50) од Крушево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Прилеп, се пронајдени и одземени  819 парчиња разновидни пиротехнички средства.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 29.12.2025 во 18:30 часот,  полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода М.В.(50) од село Војшанци, неготинско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени 537 парчиња пиротехнички средства, тутун и цигари без бандероли. За настанот е известен  јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

90 години од смртта на Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година (пред 90 години) во Тарту, Естонија почина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска теза за засебноста на македонскиот јазик

Третманот со ефикасна терапија и поголемиот буџет за Онкологија го продолжува животот на пациентите со рак

Се зголемува животниот век на пациентите со три вида рак – на дојка, на бели дробови и на кожа (меланом) за разлика од пред неколку години кога смртноста беше поголема, што се должи на поквалитетен третман, нови лекови и поголем буџет за лекување односно поголемо издвојување по пациент на Клиниката за радиотерапија и онкологија

To top