Македонија

28 специјализанти се вработија во тетовската болница

Доделени решенија за вработување

Во Клиничка болница Тетово денес 28 доктори кои завршиле специјализација во оваа здравствена установа добија решенија за вработување на неопределено време. Потпишувањето на решенијата беше направено на церемонија на која присуствуваа директорот на тетовската болница Ерзен Елези и министерот за здравство, Азир Алиу.

Директорот Ерзен Елези потоа на прес-конференција за медиумите истакна дека овој е прв конкурс за вработување на специјализанти, а во тек е и втор, со кој ќе се вработуваат уште доктори.

– Специјализантите во нашата установа Клиничка болница Тетово биле на различни специјализации како ортопедија, неврологија, хирургија, гинекологија, физикална и друго. Нашата Клиничка болница има потреба уште за специјализации. Во министерството за здравство има уште еден конкурс за вработување на нови специјализанти, имаме потреба за одделите за инфективно, хематологија, рендген и хирургија. Мислам, со овој (н.з втор) конкурс ќе бидеме 100 посто покриени со нови специјалисти, истакна Елези.

Министерот за здравство Азир Алиу, посочи дека човечките капацитети се значаен елемент од здравствениот систем, и затоа нема да се остане само на овие 28 вработувања на специјализанти.

– Втората фаза заради локалните извори беше во мирување, ние продолжуваме. Директорот продолжува со административните процеси понатаму и за кратко време тие ќе бидат завршени. Исто така многу наскоро ќе биде отворен конкурсот за нови специјализанти. И после вториот конкурс исто така ќе имаме потреба од нови доктори бидејќи европските стандарди налагаат на 100 000 жители да имаме одреден број на доктори, коишто, за жал кај нас сè уште сме далеку од таа оптимална бројка, така да ќе инвестираме и понатаму во вработувања и човечки капацитети во здравството, рече Алиу.

За медицинските сестри, болничари, технички кадар и администрација кои работат со договор на дело, директорот Елези најави дека следуваат интервјуа и за најмногу две недели ќе се заврши процесот за нивно вработување на неопределено време.

Најнови вести од: Македонија

Македонија има огромен ИКТ потенцијал, компаниите да помогнат во дигиталната трансформација на земјата

Владата одлучи да се потпре на приватниот сектор во процесот на дигитализацијата и сега двете страни треба заедно да градат проекти кои ќе значат реализација дома, но и извоз на продуктите. Според претседателот на МАСИТ, ИКТ индустријата учествува со 4,5 отсто во националниот БДП на Македонија што е 1,65 милијарди евра годишен приход. Секторот брои над 3 000 компании со над 25 000 вработени, чија просечна бруто плата надминува 2 500 евра.

За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата

Темата на конференцијата „Recode Reality“ претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.

Сиљановска-Давкова: Во бугарскиот устав нема Македонци, а бараат да внесеме во нашиот устав „дел од бугарскиот народ“?!

Во однос на барањето излезни решенија претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова посочи дека е доволно е да се фрли поглед на уставните гаранции во бугарскиот Устав и да се споредат со уставните гаранции во нашиот Устав, за да се види, како што нагласи, „огромна недоследност“. „Јас би била прва, што ќе бара уставни измени, ако правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото, што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикуваат и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги вградиле во Уставот највисоките стандарди преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед.“ – укажа Сиљановска-Давкова.

Од почетокот на годинава Царината инкасирала приходи од 1,95 милијарди евра

Една од клучните обврски на Царината нотирани и со извештајот на ЕК на што сме во целост посветени е борбата со царински измами и спречување обиди за шверц на тутун и тутунски производи – нагласува директорот Николовски.

Најнови вести

To top