Македонија

Познати имињата на уапсените во големата полициска акција

Десетина уапсени во акција што попладнето се спроведува на повеќе локации низ државата

Познат е идентитетот на лицата коишто се лишени од слобода и лицата кај коишто се вршени и се вршат претреси.

Во текот на утрешниот ден ќе се изведуваат пред судија на претходна постапка.

 

Спроед извори од истрагата, за овие лица може да биде одредена и мерка притвор, а станува збор за:

 

Александар Шутов

Александар Марков

Елисавета Маркова

Адриано Дебников

Џелал Мустафа

Кадифе Исмаили

Раиф Елези

Марјан Марковиќ од Србија

 

Лица лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, на кои им се изречени мерки на претпазливост се:

 

Елена Тафчиевска

Кристијан Јовановски

Александар Пехчевски

Гоце Веселиноски

Кети Камилоски

Ваљбона Азири Исмаили

Зухрије Реџепи

Сања Гиевска

Тања Настеска

 

Сите горенаведени се вработени во УЈП Скопје, спроед истите извори.

 

Во текот на денот НетПрес објави дека повеќе од десет лица се приведени во големата полициска акција што попладнето се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување.

 

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, потврдија тогаш од Обвинителството и најавија повеќе информации.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top