Македонија

Скопско семејство трага по исчезнатата Анџелина

Ако имате информации за исчезнатата Анџелина јавете се на нејзиното семејство

Семејството и инститициите седум дена трагаат по 14-годишната Анџелина Кадри.

Случајот е пријавен во полиција на 09.05.2026 година.

Нејзините блиски апелираат доколку имате каква било информација што може да помогне во нејзиното пронаоѓање, веднаш да контактирате на телефон: 076 330 386 (Ахмет Кадри).

Анџелина е од слопската населба Шуто Оризари каде последен пат е водена пред 7 дена.

Најнови вести од: Македонија

Колку се чека на Богородица за излез од Македонија?!

На граничниот премин Богородица претпладнево се чека од 15 до 30 минути за излез од Македонија, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како честите разговори со AI го менуваат човечкото однесување?!

Вештачката интелигенција одамна е присутна во научните истражувања и образованието, но нејзиното најзабележливо влијание врз секојдневието се случува во корисничките сервиси. Од онлајн продавници до здравствени установи, виртуелните агенти ја презедоа првата линија на комуникација со корисниците.

(Фото): Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со добитниците на признанието „Инженерски прстен“

Сиљановска-Давкова нагласила дека знаењето, стручноста и иновативниот потенцијал на младите инженери се значаен ресурс за државата и дека нивното активно вклучување во образовниот, научниот и технолошкиот процес претставува заедничка обврска на институциите, академската и професионалната заедница.

(Фото): Проширувањето на Вертикалниот коридор ја зајакнува регионалната енергетска безбедност

Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа.

(Видео): Станавме дел од енергетската мапа – со повеќе алтернативи до поголема конкурентност и пониски цени, рече Божиновска

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање во Солун со кое Македонија и Србија и официјално се вклучија во Вертикалниот коридор, доби голема медиумска покриеност во Грција со коментари дека се воспоставува „нов енергетски мост од Грција кон Балканот“, додека пак од ДЕСФА посочуваат дека е „значаен чекор за проширувањето на регионалната енергетска соработка“.

To top