Македонија

Апелација ја потврди казната од 12 години за таткото Стојанче Јовановски од Карпош

Апелација му ја одби жалбата, ќе одговара за самоубиството на сопругата Ивана

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на Стојанче Јовановски, кој беше првостепено осуден дека ја навел сопругата Ивана Јовановска на самоубиство.

„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-549/26, по одржана јавна седница на 18.6.2026 година, донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Стојанче Јовановски од Скопје и ја потврди пресудата на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.551/26 од 7.5.2026 година“ соопшти Апелациониот суд.

Од Судот најавуваат дека ќе биде објавена целата одлука.

На 2 март Ивана Јовановска се фрли од 6. кат во скопската населба Тафталиџе, понесувајќи ја во смрт и 6-годишната ќерка Катја.

ривичниот суд во мај го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.

Судот го осуди Јовановски за 3 кривични дела, односно, 5 години затвор за Телесна повреда, 3 години за Загрозување на сигурноста и 5 години затвор за Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство. Сите три дела се споени во вкупна затворска казна од 12 години.

Според пресудата, на 2 март, во периодот од 11 до 12:20 часот, на повеќе локации, обвинетиот со умисла вршел семејно насилство и телесно ја повредил својата сопруга Ивана. Истиот ден, меѓу 12:45 и 13:35 часот, тој продолжил со насилството, сериозно ѝ се заканувал и ѝ предизвикал чувство на несигурност и страв.

Во судската постапка е утврдено дека во периодот од 2023 до 2026 година, на повеќе локации во Скопје, како и во нивниот дом, обвинетиот сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која се наоѓала во материјална зависност од него.

Ваквото континуирано насилство кај оштетената предизвикало тешка психичка вознемиреност и чувство на безизлезност. Како директна последица на тоа, таа извршила самоубиство, скокајќи од тераса заедно со нивната ќерка.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Нема повеќе листи на чекање – сè се сработува во предвидениот рок, рече Андоновска

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ги расчистил заостанатите предмети и повеќе нема листи на чекање за пристигнатите барања од МАЛМЕД, информира директорката на Институтот. „Некогаш се чекало од три до шест месеци и се имаше натрупано работа, предмети… Некои се чувале и по фиоки, се прашувам зошто!?“, напиша директорката Марија Андоновска. Таа посочува дека со […]

Голем метеж и чекање на граница, само на „Богородица“ се чека околу еден час

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината кон условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Се препорачува дополнително внимание при движење низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои ризик од појава на одрони.

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

To top