Македонија

На отворено во изминатото деноноќие низ Македонија 27 пожари, 9 се активни

Активни пожари има во Студеничани, Македонски Брод, Кичево, Липково, Крушево, Врапчиште, Желино, Тетово и Прилеп.

Покрај деветте активни, два пожара се под контрола, а 16 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Најголем дел од пожарите се регистрирани во близина на населени места и во планински и шумски предели.

Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево и кај прилепските села Чаниште, Крушевица, Лопатица и Дуње, во правец кон Црна Река.

Од ЦУК информираат дека состојбата со пожарите се следи и дека надлежните служби интервенираат според потребите.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top