Македонија

АА на Села ги чека оние што заминале со Таравари „да се вратат дома“

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, порачува дека вратата е секогаш отворена за враќање на оние што заминале, на местото каде што го започнале своето политичко патување. Оттаму порачувааат дека Села никогаш не дозволил чесни членови на партијата да бидат напаѓани, омаловажувани или исклучувани, ниту за време на соработката ниту по одвојувањето […]

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, порачува дека вратата е секогаш отворена за враќање на оние што заминале, на местото каде што го започнале своето политичко патување.

Оттаму порачувааат дека Села никогаш не дозволил чесни членови на партијата да бидат напаѓани, омаловажувани или исклучувани, ниту за време на соработката ниту по одвојувањето од другите групи.

„Не ве покануваме во вашиот дом, бидејќи ова е вашиот дом и тука припаѓате. Само сакаме да ве потсетиме дека ве чекаме, веруваме во вас и продолжуваме да бидеме убедени дека ќе се вратите таму каде што отсекогаш сте чувствувале топлина, правда, чистота, храброст и вистинска гордост“, се вели во соопштението на АА на Села, пренесува Телеграфи.

Арбен Таравари лидерот на другото крило на АА кој беше дел од коалицијата ВРЕДИ, пред неколку дена одлучи да ја напушти коалицијата и владата, бидејќи според него, граѓаните не биле задоволни од работата на албанската коалиција во Владата.

Тој рече дека моќта е во народот и дека неговата АА се враќа кај народот за да победи на локалните избори во октомври.

Најнови вести од: Македонија

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

To top