Македонија

АА загрижена: Само 14 Албанци меѓу 120 вработени во Министерството за одбрана!?

Крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, изразува длабока загриженост во врска со најновите податоци што доаѓаат од Министерството за одбрана, кои, според нив, сведочат за јасно и неоправдано исклучување на Албанците од институционалната застапеност. „Од вкупно 120 одлуки за назначување на подофицерски позиции, само 14 се Албанци. Таквата застапеност не само што не […]

Крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, изразува длабока загриженост во врска со најновите податоци што доаѓаат од Министерството за одбрана, кои, според нив, сведочат за јасно и неоправдано исклучување на Албанците од институционалната застапеност.

„Од вкупно 120 одлуки за назначување на подофицерски позиции, само 14 се Албанци.

Таквата застапеност не само што не ја одразува демографската реалност на земјата, туку претставува и опасен преседан кон систематско исклучување на Албанците од државните институции, вклучително и оние од националната безбедност“ велат од АА.

Соред партијата на Таравари ваквиот развој на настаните не е административна случајност, туку продолжение на дискриминаторската политика која, за жал, се спроведува под маската на реформи и ветувања за еднаквост. Она што се случува е опасен тренд кон маргинализација на Албанците од процесот на донесување одлуки и државните структури.

„Ги повикуваме претставниците на коалицијата ВЕДИ и институционалните лидери веднаш да ја прекинат оваа политика на исклучување и да го вратат почитувањето на фер и пропорционалната застапеност, како што е дефинирано со Уставот и како што е наметнато од мултиетничката реалност на земјата.

Албанците не се 10% од населението, како што се гледа во овој случај и во многу други слични случаи. Тие сочинуваат 29,52% од граѓаните на оваа држава, според официјалните податоци. Секој обид да се негира оваа реалност е неприфатлив и сериозно го нарушува легитимитетот на државната застапеност“, се вели во соопштението на АА.

Оттаму додаваат дека АА ќе продолжи да го крева својот глас и да дејствува во одбрана на еднаквоста, правичната застапеност и достоинството на секој граѓанин Албанец воМакедонија./Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

To top