Македонија

АД ЕСМ со нови мерки за оптимизација на производството и заштеда на ресурси

Конкретни чекори за максимална оптимизација на производството на електрична енергија и рационална употреба на ресурсите во наредниот период

АД ЕСМ презема конкретни чекори за максимална оптимизација на производството на електрична енергија и рационална употреба на ресурсите во наредниот период. Како што информираат од компанијата, веќе е набавена електрична енергија по цена која е пониска од моменталната производна цена на РЕК Битола.

„Со оваа набавка, овозможуваме поекономично управување со расположливите капацитети, со што се намалуваат трошоците за производство и се зголемува флексибилноста на системот. Ова претставува дел од стратегијата на ЕСМ за поефикасно користење на домашните ресурси, но и за одржување на стабилно снабдување со електрична енергија,“ , велат од компанијата.

Компанијата исто така најавува дека ќе продолжи со анализа на пазарните трендови и динамична адаптација на производствените капацитети.
Трендот на пониски цени на берзата на електрична енергија во изминатиот период е максимално искористен од страна на АД ЕСМ, преку навремена и стратешка набавка на електрична енергија.

Така, изминатиов викенд постигната е набавна цена за електрична енергија од дури -2 евра за мегават-час (MWh), што претставува редок но возможен пазарен феномен кај краткорочните договори, за време на намалена побарувачка или зголемена понуда.

Ова значи дека ЕСМ не само што не платила за дел од набавената енергија, туку во конкретниот случај добила и финансиски бенефит за преземената енергија, што директно се одразува на намалување на вкупните трошоци за снабдување и одржување на системот.

Преку оваа стратегија, компанијата ги намалува оперативните трошоци и ги штеди домашните ресурси – особено јагленот, кој се користи во производните капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј. Набавката на електрична енергија по пониски цени од производната претставува рационално и одговорно управување.
Во меѓувреме, почнаа подготовките неопходни за започнување на планираниот ремонт на ТЕ Битола 3, а во втората половина на месецов се очекува да заврши капиталниот ремонт на ТЕ Битола 1 со што овој капацитет ќе биде ставен на располагање на домашниот електроенергетски систем.
Во тек се и ремонтни активности на ТЕ Осломеј.

Целта на АД ЕСМ е до почетокот на грејната сезона сите термоблокови да поминат низ  неопходните ремонти и да бидат подготвени за производство на електрична енергија.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top