Македонија

Агенцијата за вработување регистрираше нов голем пад на оние кои бараат работа

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавиле 20.076 сограѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 12.912 невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 9.692 невработени лица.

Нов пад на бројот на невработени лица кои се пријавуваат во Агенцијата за вработување на Македонија. Согласно најновите податоци продолжува трендот на намалување на лицата кои се невработени или кои бараат работа, објави Фактор. Последните бројки кои ги објави АВРМ велат дека во септември невработени биле 94.480 лица, додека бројот на лица кои бараат работа достигнува 43.002 баратели. За споредба, претходниот месец, односно во август вкупно 95.032 лица се пријавиле во Агенцијата како невработени. Ова покажува дека има намалување кај невработените лица.

Но, спротивно од нив, во групата други лица кои бараат работа во август биле пријавени 42.595 граѓани, што значи дека нивниот број се намалил. Со новиот пад на невработените граѓани, всушност се регистрирани најниските бројки на лица  кои се пријавиле за невработени во земјава во последниве години.

Бројките покажуваат дека во септември имало најмалку граѓани кои бараат работа во текот на целата година. Ако се погледнат податоците од почетокот на годината ќе се види дека има раст и намалување на бројот на граѓани кои се пријавиле како невработени. Иако, годината тргна позитивно, со пад на невработеноста, сепак, во јуни дојде до неочекувано голем раст на бројот на лица кои се невработени.

Како што може да се види во табелата, на почетокот на годинава бројот на лица кои бараат работа и се пријавуваат во Агенцијата за вработување во Македонија континуирано се намалува. Секој месец Агенцијата бележи благ пад на невработените, па така, ако на почетокот на годината имало невработени над 96 илјади граѓани, кои во февруари се зголемиле на над 97 илјади невработени, веќе во март се спуштиле на 95 илјади невработени граѓани.

Потоа повторно имало намалување, па во Април нивниот број бил 94 илјади граѓани кои се невработени. Во петтиот месец од годината бројката била повторно благо над 94 илјади граѓани, за во јуни да порасне за над 3 илјади невработени лица и да се зголеми на над 97 илјади невработени.

Најголем дел од невработените граѓани се во главниот град. Имено, во Скопје како невработени се пријавиле 20.076 сограѓани. Со високи бројки на невработени граѓани се бори и Тетово каде имало 12.912 невработени граѓани. По бројот на невработени граѓани следен на листата е Куманово каде се пријавиле точно 9.692 невработени лица. Следен град со повисока невработеност е Гостивар, каде таа бројка достигнува 6.748 лица, а потоа е Прилеп каде што како невработени се пријавиле 5.493 граѓани.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Избрани Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народна банка

Со изборот на новите вицегувернери се обезбедува непрекинатост во спроведувањето стабилна и кредибилна монетарна политика заради одржување на ценовната стабилност и за поддршка на економскиот развој.

Учениците читаат, но ништо не разбираат – Зошто децата во Македонија се сè понеписмени?!

Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста. Поразителни се резултатите од најновото истражување кај четврто и осмоодделенците кое открива дека новите генерации се потешко пишуваат, а уште помалку разбираат што читаат. Иако растат во дигитална ера, многумина не го знаат значењето на основни поими како зборот аудио, ниту знаат да изградат сопствен став за теми како загадувањето на воздухот.

Кафулиња и маркети ќе му плаќаат на „Комуналец“ за сопствени контејнери и собирање ѓубре

Од Град Скопје појаснуваат дека досегашната одлука не содржела одредби за оваа комунална дејност, поради што се наметнала потребата од нејзино дополнување. Со новите измени, ЈП „Комунална хигиена“ се утврдува како единствен овластен субјект за собирање и транспорт на комуналниот комерцијален отпад на територијата на градот.

Објавена Заедничка изјава за стратегискиот дијалог меѓу Македонија и САД – јакнење на соработката во клучни области, енергетиката и економијата, одбраната и безбедноста

Владите на Република Македонија и Соединетите Американски Држави денеска објавија Заедничка изјава по одржувањето на вториот состанок за стратегискиот дијалог во Вашингтон, предводена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау. Заедничката изјава е достапна на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.

Мицкоски до Филипче: Бројките и мерките се во полза на оваа Влада, имаме една од најниските стапки на инфлација

Мерката што ја направи Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто за нафтените деривати, а сега и можноста Регулаторната комисија да ги намали акцизите и на дизелот и на безоловните горива, придонесе на месечно ниво да имаме една од најниските стапки на инфлација – порача денеска од говорницата на македонското Собрание претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Ацо Ристов е нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика на местото на Бислимовски

Собранието на Македонија со 68 гласа „за“ попладнево го избра Ацо Ристов за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика. Ристов доаѓа на позицијата на Марко Бислимовски, кој поднесе оставка во февруари годинава.

Ќе добие ли Скопје нови градски автобуси?!

Од околу 130 наши автобуси што беа во функција, сега од гаражите излегуваат 180 автобуси. Значи, имаме зголемено за 50 функционални автобуси. Дополнително зголемен е и бројот на автобусите на приватните превозници, кои во минатото од различни причини одбиваа да сообраќаат на дел од линиите, кажа скопскиот градоначалник.

Најнови вести

To top