Македонија

Ахмети лично е одговорен за внесување на српските банки во Македонија – порача Касами

Лидерот на ДУИ го внесе српскиот свет во Македонија

„Али Ахмети со неговата фамилија продава имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Али Ахмети, ни ветуваше основање на Албанска банка, но ни донесе српска банка. Време дојде Албанците да дознаат какви луѓе го водат ДУИ и државата овие 20 години. Време дојде да дознаат дека зад превезот на патриотизмот на ДУИ се кријат само пари, криминал и српски свет. Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српскиот свет на Александар Вучиќ во Македонија“, рече на прес-конференција Билал Касами, лидерот на Движењето Беса кое е дел од Коалицијата Вреди.

Смета дека „Али Ахмети лично е одговорен за внесување на српските банки во Македонија“.

– Фирмата АС Сењак, позната на јавноста по многу други афери, која е во сопственост на сватот на Али Ахмети, односно таткото на сопругата на неговиот син, имала огромен број на акции во Стопанска Банка Битола. Овие акции во сопственост на фамилијата на Али Ахмети се продадени токму на Алта Банка од Белград, чиј сопственик Давор Мацура е директно поврзан со српскиот режим на Александар Вучиќ. Оваа продажба се случила на 17.09.2025. Само пред десет дена – рече Касами.

Тој вели:

– Додека ве лажат за патриотизам, додека ги лажат и нивните коалициони партнери, тие од ДУИ продаваат имот на банката на режимот на Александар Вучиќ. Директна продажба на имот од фамилијата на Али Ахмети на Алта Банка од Белград. Ова не е случајна бизнис-трансакција. Ова е директна врска на Али Ахмети со Александар Вучиќ. Ова е финансиска врска која го вметнува српскиот режим во банкарски сектор во Македонија. Ова е доказ дека Али Ахмети не е само политички партнер со луѓе од Србија, туку и финансиски дел од мрежата на Вучиќ. Али Ахмети преку бизнис и банки го внесе српскиот свет во Македонија. ДУИ дваесет години манипулира со граѓаните зборувајќи за патриотизам, а зад завесата распродава капитал на српскиот режими. Со ова, Али Ахмети и неговите луѓе директно го ставаат под ризик финансиски систем и ја прават државата зависна од Белград. Албанците повторно ги враќаат во зависност на српскиот центар – рече Касами.

Најнови вести од: Македонија

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top