Македонија

Ахмети: Непријателите на албанската нација создаваат несигурност

„Некој може да стане и да каже: Али Ахмети го брани Еди Рама. Не, Али Ахмети ја брани Албанија, а Албанија страда, вели Ахмети според кој зад пртотестите стои – Грција

 

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на својот говор на изборното собрание на партијата во Бутел, зборуваше и за протестите во Албанија. Ахмети рече дека непријателите на нацијата се обидуваат да создадат несигурност. Исто така, нагласи дека овие протести ја погодуваат најголемата индустрија во Албанија, туризмот.

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

„Има некои настани, случувања и во Албанија. Тоа е земја каде што ни помогнаа. Албанија го засолни Косово. Албанија е неразделен дел од слободата на Косово. Без помошта, без средствата на Албанија, Косово не би било Косово какво што е денес. Затоа, со болка ги следиме работите. Гледаме дека тука Албанија, од овие протести кои не знаат каде им е главата, трпи два удара. Силни удари“.

„Главната индустрија на Албанија е туризмот. Туризмот е погоден. Од каде дојде првата кампања? Од Грција, бидејќи туризмот е загрозен од Албанија, тој е загрозен од Грција. Соседна земја не треба да размислува вака за својот сосед, но еве што се случи, првата изјава и првите реакции дојдоа од Грција. Кој стана првиот портпарол на оваа кампања? Во Белград? Истиот оној што води кампања за протестите во Србија води кампања за протестите во Албанија“.

„Некој може да стане и да каже: Али Ахмети го брани Еди Рама. Не, Али Ахмети ја брани Албанија, а Албанија страда. Таа е погодена. Главната гранка на индустријата, туризмот; главната гранка, странските и домашните инвестиции. Немојте да мислите дека нема последици за домашните инвеститори, а камоли за странските. Бидејќи ниеден домашен инвеститор не го ризикува својот капитал таму каде што има неизвесност“.

„А кој се обидува да создаде несигурност во Албанија? Непријателите на албанската нација. Не велам дека овие луѓе излегле таму, тие се непријатели, паднале во стапицата на непријателите, без добро да ги анализираат и проучат последиците што ги предизвикуваат врз нацијата, не само во Албанија, туку и пошироко“, рече Ахмети. /Телеграфи/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top