Македонија

Ахмети тврди дека ДУИ и НАИ се „победници во првиот круг на локалните избори“ и пак бара предвремени парламентарни избори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја нарече коалицијата Вреди „Здружение Газиместан“, асоцирајќи дека била, според него „губитничка политиката“ на Вреди, како што била и политиката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, познат по неговиот говор на Газиместан во Косово во 90-тите години од минатиот век. Но, Али Ахмети со својот „триумфалистички настап“ денес само ги игнорираше многубројните оценки на независни политички аналитичари не само од Македонија, туку и од сиот Балкан, дека оној, што претрпел пораз и тоа „историски“ е токму тој, со укажувања дека и навистина треба да се повлече од политиката.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во своето прво појавување по изборите на 19 октомври, ја нарече коалицијата Вреди „Здружение Газиместан“, за кое рече дека губитникот се прикажува како победник, пишува Алсат.

„Националната алијанса за интеграција (НАИ) на овие избори освои 114.760 гласови со вкупно 159 советници. Здружението Газиместан, Вреди, освои 91.849 со вкупно 122 советници. Дали се прави победник со 114.760 гласови, или со 91.849 гласови? Тие се големи губитници, а секој ден тврдат дека ги добиле изборите, не само овие избори, туку и оние што ги оставивме зад себе.“ -рече Ахмети, повторувајќи го барањето на НАИ и на ДУИ за одржување предвремени парламентарни избори.

„Ние сме посветени на европска Македонија и добри меѓуетнички односи, нула проблеми со соседите, ние сме посветени да обезбедиме подобра иднина за генерациите што доаѓаат“, рече Ахмети.

Претходно, исто така денес, потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми ги отфрли тврдењата дека лидерот на партијата Али Ахмети, ќе се повлече од политиката по локалните избори. Тој ги опиша овие објави како „дезинформации насочени кон демотивирање на гласачите пред вториот круг од изборите на 2 ноември“.

„Пензионирањето на Али Ахмети воопшто не се разгледува. Напротив, ДУИ е победничка партија – добивме 23.000 гласови повеќе од Вреди и го зголемивме бројот на советници на 120.“ – изјави Адеми.

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top