Македонија

Акција на МВР: Запленети 272 брендирани производи и 174 алати

На 14.12.2025 на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје.

На 14.12.2025 на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје.

Полициските службеници прво сопреле патничко возило “Голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а лицето е лишено од слобода.

Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top