Македонија

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри и пак ќе добиеме вето

Премиерот со ироничен коментар

„Ако ги направиме уставните измени, ќе бидеме најдобри. Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми“.

Вака, со доза на иронија, премиерот Христијан Мицкоски го коментираше делот од Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година во кој се вели дека Македонија не направила обид за усвојување на уставните измени.

Премиерот не се согласува и со оценките дека други земји од регионот се пред Македонија на патот кон ЕУ. Тој тврди дека земјава е многу понапред од Албанија во осум области.

– Кога ќе се анализира состојбата и подготвеноста на државите, објективната оценка е дека Црна Гора е прва, на второ место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово. Но, треба да работиме и ќе работиме. Јас апсолутно сум фокусиран на реформите, оваа влада е реформска и ме охрабруваат пораките за реформите во делот на економијата, борбата против перењето пари, воведувањето заеднички платежен систем, царина, роаминг фри. Тоа ќе биде имплементирано така што има многу работи кои треба да се пофалат и тоа ме охрабрува“, изјави тој при посетата на Петровец.

Најнови вести од: Македонија

Кекеновски за полагањето правосуден на албански: Тоа е политички инструментализирана тема, спротивна на уставниот поредок! Правото не е етнички договор!

Професорот по право Јове Кекеновски оцени дека барањето правосудниот испит да се полага на друг јазик не претставува прашање на јазични права, туку политички инструментализирана тема што, според него, е спротивна на уставниот поредок и правната сигурност. Тој посочува дека Уставот јасно го утврдува македонскиот како службен јазик, додека употребата на другите јазици се однесува на институционална комуникација, а не на професионални критериуми за влез во правосудниот систем.

Мицкоски: Македонија е прва во Европа со ваков стратешки дијалог со САД, ретка руда од паланечко ќе се извезува во Оклахома

Македонија е првата земја од Европа која одржува стратешки дијалог на вакво високо ниво со актуелната администрација на Соединетите Американски Држави.

To top