Македонија

Ако Грција не го реши хаосот, Охрид да се подготви за огромна навала на туристи

Додека некому не му се смрачи некому нема да му се раздени

Ако Грција не го надмине хаосот со процедурите за влез на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ Охрид треба да се подготви за огромна навала на туристи во Јуни, Јули и Август.

Ова е првичната анализа на искусни туристички работници кои ги прашавме што ќе се случи ако Грција продожи со имплементацијата на новите правила за влез во Шенген зоната.

,,Дел од српските туристи ќе чекаат и по 20 часа за влез, дел ќе најдат друга морска дестинација, Црна Гора, Турција ичи Албанија но голем дел ќе дојдат во Охрид особено што со пуштање на автопатот од Белград со Охрид ќе се патува за 5 часа”, вели туристички работник.

Тој предупредува дека иако тоа ќе биде добро за македонската економија Охрид мора содветно да се подготви за потенцијалот од десетици илјади Срби кои досега одеа претежно во Грција.

Тоа значи дека мора да се обезбедат подобри собраќајни, сместувачки и сервисни услуги со цел да не колабира градот и околината.

Дополнително државните власти мора да обезбедат автопатиштата да бидат проодни а на паркинзите да се постават и тоалети кои се основен проблем на македонските патишта.

Што пишуваат српските туристи по новото искуство во Грција.

Screenshot
Screenshot
Screenshot

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top