Македонија

Ако се покачи минималната плата на Скопје му се заканува колапс на градскиот превоз?!

Сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватните автобуски превозници на град Скопје.

Во случај на покачување на минималната плата од 50 проценти би дошле во ситуација во која повеќе нема да можеме да возиме и ќе бидеме принудени да ги откажеме договорите затоа што работењето ќе биде сведено на минимум или со загуба. Затоа ги повикувам сите засегнати страни разумно да пристапат кон овој проблем за кој и ние самите сме свесни – реагира Кемал Муриќ, претседател на Синдикатот на приватните автобуски превозници на град Скопје, з анајавениот протест во среда на ССМ.

Оттаму бараат сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватните автобуски превозници на град Скопје.

  • Изразуваме голема загриженост во однос на барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на минималната плата од 200 евра. Ние сме микрофирми со еден до двајца вработени и во изминатиот период имавме низа проблеми со исплатата на надоместоците што требаше да ни ги плаќаат во Град Скопје, особено во времето на градоначалничката Данела Арсовска, со која до ден-денеска имаме судски спор поради нејзините одлуки за неисплата на дел од долгот. Во насока на тоа бевме принудени да земеме кредити за да можеме да ги сервисираме нашите обврски кон граѓаните на град Скопје. Во случај на покачување на минималната плата од 50 проценти би дошле во ситуација во која повеќе нема да можеме да возиме и ќе бидеме принудени да ги откажеме договорите затоа што работењето ќе биде сведено на минимум или со загуба. Затоа ги повикувам сите засегнати страни разумно да пристапат кон овој проблем за кој и ние самите сме свесни – вели Муриќ, претседател на Синдикатот на приватните автобуски превозници на град Скопје.

Ваквото изнудено решение, дополнува Муриќ, ќе придонесе или за зголемување на автобускиот билет или да ги откажуваме договорите. – Но, и во двата случаја нема да бидеме оштетени само ние со оставањето голем број семејства без приходи во кој граѓаните на Скопје ќе останат без превоз или, пак, ќе биде покачена цената на билетот за превоз – вели Муриќ.

Во голем број држави во опкружувањето и во Европа, посочува тој, има пракса државата да го субвенционира јавниот градски превоз бидејќи во огромен број случаи овој превоз е непрофитабилен доколку нема субвенции. – Така што, апсолутно размислуваме и дејствуваме во таа насока да се обидеме да издејствуваме одредени субвенции од државата – изјави претседателот на Синдикатот на приватните автобуски превозници на град Скопје, кој застапува барање на речиси 200 превозници.

И од Синдикатот на автотакси-превозниците на град Скопје велат дека зголемувањето на платите може да се случи само со поддршка и оти финансирањето на повисоките плати од страна на превозниците ќе ја зголеми цената на услугата.

  • Синдикатот на автотакси-превозниците се состои од членови што се самофинансираат, односно сами си ги плаќаат придонесите и платата, така што со секое зголемување на платата се зголемуваат и придонесите. Значи, треба да се издвојат повеќе пари, а со тоа се намалува и заработката. За да се покријат тие трошоци, би требало да се зголеми и цената на такси-превозот, но со зголемување на цената би се намалил и бројот на патници. Едвај кубуриме да ги покриеме и сегашните придонеси – истакнува Ѓорѓи Мариновски, претседател на Синдикатот на такси-превозниците на град Скопје.

Решение, дополнува, гледаме единствено во субвенционирање, односно ако се зголеми минамалната плата, државата да ги финансира тие средства.

  • Да речеме, тоа би било износ од плус 3.000 денари и тогаш би можело да се покрие, а вака целиот товар ќе биде на таксистите затоа што не сме во ставка како фризерите и другите занаетчии, кои имаат поволности – изјави Мариновски, претседател на Синдикатот на автотакси-превозниците на град Скопје, кој обединува 18 фирми со 1.500 члена. 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

Мисајловски: Постојано набавуваме ново оружје, даваме сè АРМ да биде подготвена! Нашата цел се Македонија, македонската војска и граѓаните!

Ние сме земја членка на НАТО и сме со нашите сојузници, рече денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој во Штип одговораше на новинарско прашање за состојбата на Блискиот Исток и дали нашата армија набавува воена опрема и оружје.„Ние сме земја членка на НАТО и знаете дека сме постојано со нашите сојузници и имаме една […]

To top