Македонија

Ако залади – грејната сезона може да почне и пред 15 октомври

Грејната сезона 2025/2026 официјално започнува на 15 октомври за потрошувачите поврзани на централниот систем за греење во градот Скопје

 

Грејната сезона може да започне порано, т.е. од 1 октомври, ако прогнозата за просечната надворешна температура за следниот ден е 12˚C или пониска, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

Информациите ќе бидат објавувани секојдневно на веб-страницата на ЕСМ ако условите за снабдување со енергија за греење се исполнети до 15 октомври.

Навременото снабдување со топлинска енергија е од суштинско значење за удобноста на нашите потрошувачи“, се вели во соопштението на ЕСМ.

„Затоа апелираме да се следат препораките и да се соработува со службените лица за да се обезбеди сигурно функционирање на системот.

Ги повикуваме сите корисници навремено да ги завршат потребните поправки на своите внатрешни грејни инсталации, бидејќи редовното одржување е нивна обврска. Завршените интервенции треба да се пријават во Центарот за грижа на потрошувачи, со што ќе се овозможи непречено снабдување со топлина. Исто така, важно е заедниците на сопственици да обезбедат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници и редовно електрично напојување во топлинската станица, односно платени сметки за електрична енергија и функционална електрична инсталација, се наведува во соопштението од АД ЕСМ.

Сите потрошувачи можат да проверат дали нивниот објект е на списокот на затворени објекти без услови за испорака на топлина, кој е достапен на линкот „Затворени објекти – ЕСМ Снабдување“. За информации, пријави на дефекти или известувања за завршени интервенции, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.

Најнови вести од: Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Младите инженери ѝ се потребни на Македонија, таа мора да ги задржи, како?!

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери, во организација на
Инженерската институција на Македонија. Во своето обраќање, министерката испрати пораки за улогата на инженерите во развојот на
државата, со посебен акцент на младите и жените како клучни носители на идните процеси.

ТАВ Македонија: 30 години од првиот лет Скопје-Виена со „Аустриан ерлајнс“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП останува силно посветена на континуираниот развој на воздушниот сообраќај во земјата, преку унапредување на аеродромската инфраструктура, привлекување нови авиокомпании и отворање нови дестинации, со цел да ја зацврсти позицијата на скопскиот и на охридскиот аеродром како регионални центри за поврзаност и економски развој.

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Според јавно достапните информации и прашањата доставени до Управата за јавни приходи, данокот кој исплатувачите го задржале и платиле на доходот исплатен на студентите, им е вратен на студентите од страна на Германската даночна администрација. Овој доход (бруто износ) согласно одредбите од Договорот за одбегнување на двојното оданочување со Германија и Законот за данокот на личен доход е предмет на оданочување во Македонија. За дополнителни информации, граѓаните можат да се информираат преку официјалната веб-страница на Управата за јавни приходи.

To top