Македонија

Аларм: Децата без око да им трепне си купуваат цигари како да се мастики

Ново истражување за употреба на тутун кај младите покажува системски недостатоци на повеќе нивоа – од висока достапност на цигарите во продавници и киосци, каде што основците меѓу шесто и деветто одделение можат да набават тутун без поголем проблем, па сѐ до висока изложеност на децата на чад внатре и околу училиштата.

Загрижувачки се податоците за консумирање тутун кај младите во 2024 година. Вкупно 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години (од седмо до деветто одделение) во земјата користат тутунски производи, а повеќе од половина од нив биле изложени на чад од тутун во своите домови. Анкетата е спроведена во 75 училишта и опфатила околу 4.700 ученици.

  • „Податоците покажуваат дека 13,6% од учениците на возраст од 13 до 15 години моментално користат некаков тутунски производ, што е највисока досега регистрирана преваленца во нашата држава. Вкупно 9% од нив користат електронски цигари, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2016 година. Загрижувачки се и податоците дека 57% од младите биле изложени на чад од тутун во домот, а 55,4% биле изложени на чад во затворени простории. Анкетата покажува дека 73,2% од младите кои пушат не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст“, вели Алиу.

Обработувачите на истражувањето велат дека бројките се загрижувачки и разочарувачки. Според глобалните истражувања и заклучоци, адолесценцијата е период кога се започнува со експериментирање со тутун и никотин и доколку зависноста се развие во оваа возраст преминува во долгорочно пушење и компликациите би биле значително поголеми истакнаа денеска од Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Светска здравствена организација.

Истражувањето кое го спровело ИЈЗ е забележано дека во 2024 година има највисок процент на ученици кои пушат цигари, 13,6% од учениците користат некој тутунски производ-делејќи по категории момчиња/девојчиња.

Дури 73,2 отсто од учениците меѓу 13 и 15 години не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст, а 69 проценти од младите пушачи купиле тутун во продавница, маркет, супермаркет или киоск. Точно 13,6 проценти од учениците моментално користат некаков тутунски производ и тоа е највисоката зачестеност досега регистрирана во Македонија. Вкупно 10 отсто од нив вдишуваат од електронски цигари, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со 2016 година. Најголем раст кај е-цигарите има кај девојчињата – од 1,9 на 9,6 отсто за помалку од една деценија.

Резултатите од новото Глобално истражување за употреба на тутун кај младите (GYTS) на иста маса пред новинарите ги презентираа претставници од Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Светската здравствена организација, кои всушност се и соработници за оваа репрезентативна, училишно базирана студија на 4.706 ученици.

Најнови вести од: Македонија

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top