Македонија

Албанци шверцувале Египќани во Македонија

27-годишен маж и 22-годишна жена, кои се осомничени за превоз на мигранти од Сирија и Египет

 

Министерството за внатрешни работи вели дека станува збор за 27-годишен маж и 22-годишна жена, кои се осомничени за превоз на мигранти од Сирија и Египет.

„На 17.11.2025 година околу 03:30 часот, на излезот од Гевгелија кон автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за гранична контрола и граничен надзор „Богородица“ ги приведоа М.Е. (27 години) и В.Е. (22 години), двајцата од Албанија“.

„Според полицијата, службените лица забележале возило „Фолксваген Туран“ со албански регистарски таблички како се движи со голема брзина, кое го управувал М.Е., додека сопатник бил В.Е.

Во близина на возилото биле пронајдени петмина имигранти, еден од Сирија и четворица од Египет. Возилото и имигрантите биле однесени во Прифатниот и транзитен центар во Гевгелија, додека уапсените се задржани во полициската станица.

Во консултација со јавен обвинител, против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Македонија

(Фото галерија): Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата Александар Николоски, кој изврши увид во автопатот.

Теодосиевски: Дали се Лаен, Калас, Кос и Кошта навистина толку глупави, или го глумат тоа, дека „нѐ чекаат со идентитетот и јазикот во ЕУ“?!

„Госпожата“ фон дер Лаен и нејзиното избрано друштво – па слушнете ги само онаа Калас и Кос, сосе Кошта во позадина – можеби навистина „нестрпливо“ нѐ чекаат во таа Европа сосе нашиот идентитет и јазик, ама тој идентитет и особено тој јазик мора да поминат виа Софија. А таму има граница. Или вето, како сакате. – пишува аналитичарот Златко Теодосиевски во својата колумна со наслов „Квака 22“ или: можно ли е да се толку глупи?’, која ја објави „Плус инфо“.

Новиот Кривичен законик предвидува затвор до 15 години за злоупотреба на државни пари!

Подготовката на новиот Кривичен законик започна уште во 2019 година. Целосно новиот Кривичен законик, со кој се предвидуваат казни затвор до 15 години за злоупотреба на службената положба и овластување и за злоупотреби при јавните набавки, концесиите и јавно-приватните партнерства, денеска беше ставен на првата од четирите јавни расправи во просториите на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

Гласовите на Galaxy: Запознајте го лекарот од Мексико, чиј Galaxy Watch му помогна да се грижи за својата мајка, но и за себе

Гласовите на Galaxy (“Voices of Galaxy“) е серијал од вистински приказни што ги става во преден план Samsung Galaxy корисниците кои ја користат својата страст, креативност и решителност, заедно со технологијата, за да остварат позитивно влијание врз сопствените животи, заедниците и светот околу нив.

Мицкоски: Албанија и Црна Гора не се пред нас, нивниот пат кон ЕУ личи на автобус, што се ниша! Македонија предводи во реформите!

Премиерот Христијан Мицкоски очекува на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел да биде потврдена европската перспектива на регионот и најавите дека неговата интеграција во Европската Унија може наскоро да стане реалност. Тој оценува дека Македонија е меѓу најуспешните во спроведувањето на реформите во рамки на Реформската агенда и дека земјата е „фронт-ранер“ во исполнувањето на обврските на патот кон ЕУ.

„Курир“: Уништени се бугарските противмакедонски прикаски, режирани од ДАНС, дека „Бугарите“ Петрески и Николски биле „тепани оти имале бугарска самосвест“!

„Дали по неуспешната пародија и срам со Ива Михаилова, бугарските медиуми, теледиригирани од тајната бугарска служба ДАНС, влегоа во нова офанзива со вистински напад врз сетилата на сопствените граѓани, бедно обидувајќи се на секоја физичка пресметка во Македонија да ѝ накалемат бугарски предзнак?“ – пишува порталот во својата статија со наслов „ Во еден ‘Колегиум’ уништени две бугарски противмакедонски прикаски: Пропадна обидот Петрески и Николски да се претстават како „тепани Бугари“!“

To top