Македонија

Алиу: На уште три компании за одгледување марухуана ќе им се одземат лиценците

Досега 23 компании се процесуирани, три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира

По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на дополнително уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска Министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании.

– Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира, изјави Алиу.

Претходно на 24 февруари, министерот Алиу на прес-конференција информираше дека на шест компании се одземени лиценците, а од кои четири фирми се дел од скандалот со шверцот на марихуана.

– Недостатоци има од различни аспекти – од административна гледна точка, од инфраструктурна гледна точка, од технолошка гледна точка, од човечки капацитети. Во некои од нив, внатрешната инфраструктура за следење, камерите не работат. Во дел од нив нема човечки капацитети, а во дел нема обезбедување. Засилените вонредни контроли ќе се извршат кај сите правни субјекти, односно, вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица“, изјави на 24 февруари министерот за здравство, Азир Алиу.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има отворено истрага за шест лица поврзани со петте тони марихуана, кои беа пронајдени во Коњух, а излегле од Македонија преку граничниот премин „Табановце“. Првоосомничен е ко-сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“.

Најнови вести од: Македонија

Промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк

Црквата „Св. Атанасиј Велики” под планината Кожуф ќе биде прогласена за споменик на културата

Црквата „Св. Атанасиј Велики“ од 19 век, сместена на падините на Кожуф во гевгелиското село Габрово, ќе биде прогласена за споменик на културата. Одлуката беше донесена на последната седница на Советот на Општина Гевгелија, со што започнува постапката за нејзина заштита и реставрација

Димитриеска-Кочоска: Нема простор за паника, нафтени деривати има доволно – инспекторите се на терен

Оваа реакција доаѓа во контекст на зголемена загриженост поради глобалните тензии во Персискиот Залив и можните индиректни ефекти врз увозот на нафта во регионот, иако засега нема индикации за директно нарушување на снабдувањето во Македонија.

To top